источен (прид.) - дел (имн.)

Тука главниот воз беше Балкан–експресот кој го поврзуваше градот со северна и западна Европа, како и со јужниот и источниот дел на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа, кога ќе се стаса на појдовната станица, во источниот дел, пак се минува истиот пат на контрола.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Македонија повторно била поделена и со фронтовската линија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ограничена активност, по Берлинскиот конгрес, пројавила и протестантската црква која успела да го наложи своето влијание само во источниот дел на Македонија (Разлог, Неврокоп, Банско).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По освојувањето на Македонија од страна на Османлиите, Исламот станал дел од македонската стварност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските доброволци во српските чети учествувале во борбите кај Страцин, Азот и Порече, а четите кои содејствувале со грчката армија учествуваат во борбите за Кожани, Сјатиста, селата Конско и Царушино.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Покасно во времето на владеењето на Теодосиј I од воено-стратегиски и политички причини префектурата Илирик со диоцезите Македонија и Дакија била приклучена кон источниот дел од Империјата, која во 395 била поделена на Западна (Римска) и Источна (Византија).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Градот Банско, во источниот дел на Македонија, бил заземен и во него била воспоставена привремена месна управа; биле ослобододени и села во неврокопскиот крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По бугарското влегување во војната (14 октомври 1915) Бугарија го зазела делот на Македонија под Србија и источниот дел на Македонија под Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мостот го поврзуваше рисјанскиот со муслиманскиот, западниот со источниот дел на градот, Европа со Азија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
’50-тите Се сели во апартман на 75 улица во источниот дел на Њујорк. Мајка му доаѓа да живее со него. Фрици Милер му станува менаџер. Купува телевизор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дизајнира божиќни честитки и канцелариски материјал. Користи монотип техника за да добие разни ефекти при печатењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
1953 Заедно со Ралф Ворд ја објавува „Љубовта е розов колач“ и „А е азбука“ од Корки и Енди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ден денешен, велат, ако внимателно се опулите на источниот дел од црквата, на една бигорлива плоча ќе забележите релјефно изрежана змија со цвете во устата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врз основа на тој договор Бугарите нападнаа на источниот дел на Балканскиот Полуостров, т.е. на Тракија а Србите на западниот, т.е. на сегашна Србија, Западна Бугарија и Македонија и малку по малку си ги разделија помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа си трчав од едниот крај до другиот, од источниот дел до западниот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше и самата дел од незавршената мисија да допрат до сите тајни на источните заемки во нивните мајчини и други балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден момент, филозофски настроениот Камилски му рече на Татко: Што би претставувал човекот без потрагата по мистеријата, по апсолутното, без метафизиката?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот маало или махала, од арапски корен (со значење на населување) се употребувал и се употребува во сите балкански јазици, во јазиците на Блискиот Исток и подалеку.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и во многу преземени мисии и потраги, и оваа прошетка по котите во стариот источен дел на градот на Татко и Климент Камилски остануваше незавршена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случи, при една прошетка во источниот дел близу до џамијата Јахја-паша, позната според своето највисоко минаре на Балканот, да ме привлече необичната врева која идеше од една vizba со отворени прозорци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се случуваше како дете да влезам во Католичката црква во Скопје, која беше близу до куќата во која беше родена светицата Мајка Тереза и да забележам многумина од сребрарската работилница од источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко ми знаеше за моите чести евазии и откритија во источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)