кадија (прид.) - сиџил (имн.)

До ова време можеше да се допре многу подоцна откако Татко им влезе во трага на битолските кадиски сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Директорот на Архивот Мирон Донски ја доби историската задача, директно од Водачот, да ја создаде новата архивска институција, како еден од столбовите на нацијата, најмногу поттикнат од откритието и од значењето на битолските кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, својот единствен орден во животот, социјалистичкиот Орден на трудот, го доби за своето отоманско откритие, за спасувањето на старите битолски кадиски сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Ги печатите битолските кадиски сиџили во трет том, без да го наведете Татковото име, ниту како преведувач ниту како приредувач...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беа регистрирани сите кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А кога ги откри битолските кадиски сиџили и кога навлезе во суштината на балканските конверзии, при што му се наложи и темата за јаничарството, тој повеќе немаше физичка сила, а ни време, да го заврши овој свој проект на животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сокол Мечевски бешепреокупиран со темата на исламизацијата на христијанското население во Македонија од XVI до XIX век, потпирајќи се најмногу врз документите од битолските кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Токму во тој период, во Архивот се подготвуваше печатењето на вториот том на битолските кадиски сиџили, под наслов Турски документи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откривајќи ги битолските кадиски сиџили, сведоштвата за долговечната отоманска историја во средишниот дел на Балканот, Татко имаше чувство дека исполнува нечиј завет... XXII Татко им се врати на сиџилите во битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И Татко, да не ги откриеше битолските кадиски сиџили, тешко ќе се одржеше во новата држава, со своето источно, па уште и емигрантско и непартиско минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мирон Донски имаше да му каже уште нешто: - Започнуваме со објавувањето на првиот том на битолските кадиски сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога во една научна потрага од Институтот за национална историја, во Битола, ги откри битолските кадиски сиџили (ХV-ХIХ век), преостанатиот дел од животот го посвети на нивното толкување и проучување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им ја придружи својата душа на илјадниците записи на заборавените мртви души на Балканот, фиксирани во последните записи за нивното некогашно, а сега заборавено постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Конечно откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХVI-ХIХ век), го запечати крајот на егзилската балканска одисеја на Татко и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко им се врати на Битолските кадиски сиџили (од XVI до XIX век), врз кои работеше до крајот на работниот век, до последните атоми на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го реконструирав и татковото откривање и жртвување за битолските кадиски сиџили.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)