карактерен (прид.) - особина (имн.)

Двајцата загреани и спремни на два чекора напред, да не речам 100 проекти во визуелизација на вашата иднина, под претпоставка заедничка, со непристојни предлози од кои добиваш мигрена и висок притисок, и „цвикаторски“ карактерни особини.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Фактот дека тие му припаѓале на Гемиџискиот кружок е доволен да не убеди дека и тие во однос на основните карактерни особини, и по она најважното - готовноста да се саможртвуваат за слободата на Македонија - не се разликувале од оние гемиџии за кои погоре стана збор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јордан Попјорданов-Орцето бил признат раководител на Кружокот, благодарејќи на неговите карактерни особини.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)