клеветник (прид.) - текст (имн.)

Р.Ѕ.: по објавувањето на горното анти-упатство (очекувано) како колумна во еден неделен политички магазин, во редакцијата стигна писмо што уште во насловот не ја криеше лутината: На ТАА не ѝ требаат колумнисти како Прокопиев Скандалозно е што еден „скопски интелектуалец“ објавува клеветнички текст за списанието кое што очигледно (според искривените податоци што ги наведува) не го ни фатил в рака, а се знаел и влегол во некој свој филм, злоупотребувајќи ги угледот и името на списанието ТАА.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа што испадна дека едно успешно македонско списание за млади (сепак месечно, а не неделно како во мојот текст) го носи истото име, е уште еден случај кога се совпаѓаат непредвидливата реалност и предвидливата фантазија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)