клинички (прид.) - центар (имн.)

Мислам дека и на Тито му нудеа тука да се оперира, ама Маршалот одби и отиде да си умре во клиничкиот центар во Љубљана.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Матновидецот дневно заработуваше колку 3 директора од Клинички центар.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа со наведната глава, башка и гологлав, влезе во службената кола, без збор на приговор или отпор, па се упатија никаде другде туку пак во Клиничкиот центар, само сега погоре, во Судска медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)