клучен (прид.) - коска (имн.)

Од брат ми понекогаш позајмував лист хартија и молив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно вдлабнато засолниште меѓу клучните коски, кожа што набрснува во студена вода и образи што се затегнуваат кога се смееш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еднаш, по едно “Ќе беше подобро да не те родев,” кога себеомразата сакаше да ја убие пречувствителноста, се скрив под креветот, си ги ставив рацете околу вратот, и палците силно ги зарив во грлото над клучната коска, сѐ додека не ја изгубив свеста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така така и ми побегна темното од лицето, очите си дојдоа на местото во глобовите, меѓу коскулињата се појави мевце и повеќе не ми остануваше вода кај клучните коски по капењето во јавната бања.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ѝ се бројат ребрата, ѝ штрчат клучните коски, ѝ се истраниле карлицата, оглоданите лопатки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзо го подигна штикот и, како што го учеа во офицерската школа, му го забоде под клучната коска.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)