клучен (прид.) - личност (имн.)

Го зедов револверот и се доближив до вратата зад која се распознаваа гласовите на Катерина и Јана како и гласот на Непознатиот за кого сега веќе дефинитивно знаев дека му припаѓа на Мирко Бунде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакам да речам дека Роман Гигов Грофот беше клучната личност без чија помош егзекуцијата тешко ќе ја извршев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ми се прикажува во сите ликови за да ми укаже на клучните личности во историјата на ковењето на судбината на балканските народи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А историјата нема да им остане должна, едноставно, ќе ги забележи како клучни личности во опстојувањето на театарската уметност во 21 век.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Судбината сакаше Татко и Мајка, во своите ретки патувања, да се сретнат со клучни личности на тогашните времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)