клучен (прид.) - прашање (имн.)

Беше свесен дека тешко може да се замисли иднината на државата без интегралната историја на сопствениот народ, без толкувањето на сложените меѓуетнички односи во минатото, без откривањето на тајните на нивното одржување под отоманската власт што, секако, претставуваше и едно од клучните прашања за иднината на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми остануваа, за целосно разјаснување и за откривање, вистинските одговори на двете клучни прашања за кои Татко мошне ретко и недоволно зборуваше: средбата со Ататурк и односите со неговиот вујко Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тие, со други зборови, водат дијалог во кој се запознаваат имагинарниот балкански запад и имагинарниот балкански исток, имагинарното христијанство и имагинарниот ислам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ликовите на Старова цитираат славни лингвистички и историски авторитети, расправаат за клучните прашања на етно-лингвистиката и историјата на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот не бара одговор на клучните прашања со оглед на тоа како стојат работите туку како тој сака тие да стојат. Тоа е проблемот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога ќе зборува деновиве, мора да се насочи на неколку клучни прашања, како што го поучија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прашањето за идентитет е едно од клучните прашања кое на Мрежата се појави уште во раните осумдесетти, а со растежот на Web стана едно од поваж­ните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Орлан вели: „Кога ќе завршам со последната операција, ќе дадам барање да си го сменам името бидејќи ќе бидам нова личност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моето пишување за Балканот на мајчиниот јазик, потоа на јазикот на моето образование, македонскиот, во времето кога се загрозуваше соживотот на народите на овие јазици, кога преовладуваше сеништето на делбите и територијалните разграничувања на населенијата, судбината на моето пишување, моето служење во дипломатијата како прв амбасадор на Република Македонија, беа клучни прашања со кои се соочував во мојот живот во потрагата по вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Моите текстови, моето раскажување, како да се наоѓаше пред олтарот на храмот на читањето, пред вниманието на мојата читателка Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кутрите, уште не научиле дека минато се и сите скришни љубови, па да го постават клучното прашање за истрагата: навистина ли се само обично минато скришните љубови при толку живи бивши љубовници?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сите знаеја за нивната „козја коалиција“, за поврзаноста на овој интелектуалец и козарот по клучното прашање на опстанокот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)