клучен (прид.) - тема (имн.)

Веруваше дека Камилски сигурно ќе донесе книги за двете клучни теми балканските јазици и јаничарството, во кои решија да се вдлабочат, во потрага по клучните идеи кои би му се спротивставиле на балканското проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)