книжевен (прид.) - форма (имн.)

Размената на книжевните форми и идеи треба да стави точка на оној тип на живот во кој самодоволноста беше апсолут и во кој сѐ доаѓаше од внатрешноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Или се лажам и, додека заклучувам дека токму егзилот и емиграцијата се фактори што семејството Старова го направиле толку сплотено (заемно посветено, меѓусебно апсолутно верно...), наседнувам на доминантните протоемигрантски стереотипи и слепечки ја следам кривата трага?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ете зошто „мелодрамата“, сфатена како безвредна, недостојна книжевна форма, по правило се користи за да се карактеризираат, а и за да се обезвреднат, сентименталните животи на другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога на жанрот се упатува погрдно и кога тој треба да послужи како дисквалификација, како назив за долна естетска категорија, мелодрамата веќе не важи за камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Детерминирана во некоја поширока смисла, сага се толкува и како една од таканаречените едноставни книжевни форми (Jolles, 2000), во кои се фиксираат, се пренесуваат одделни настани несомнено важни! зачувани во усните преданија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако кажеш дека некој е „мелодраматичен“ или дека нешто е „мелодраматично“, ти одбиваш да му ги удостоиш страдањата со достоинственоста што ѝ прилегаат на трагедијата, која општествено повластените луѓе или оние што се стремат да заземат положба на општествена повластеност, се стремат да си ја чуваат за себе. ‌Страдањето што не може да тврди дека е трагично мора да излезе патетично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во претходните осум книги (епизоди, делови, фрагменти, приказни...).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)