колку (прид.) - сака (гл.)

Колку сакаш, бабино, нема кој да ги бере.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И дека татко знаел колку сакал многу да свири Јоше Свирачот, постојано го терал да му свири одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А на Марко, блазе си му, место мене ќе има жени колку сака, која од која поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Донеси ми вода. - Добро, Јоне, ќе ти донесам, велам, колку сакаш ќе ти донесам вода, само не пијај отрови, не пусти си ја душата, не пусти ми ја и мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мочај колку сакаш, му велам, сега сме на полпат и мочај колку сакаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама за тоа ли ти бил зборот?! Речи ти колку сакаш... Пет... десет!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)