команден (прид.) - пункт (имн.)

Тој се обиде да се претстави, дека е командир на командниот пункт и народната милиција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Простум, пред командниот пункт, генералот набљудува со двоглед.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Смрдеш, во командниот пункт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Од командниот пункт на Тумбите - вели телефонистот - јавуваат дека челото на колоната веќе е во селото Новоселени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во командниот пункт на Третата дивизија што пред малку е поставен на ритчето над селото Попли, остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)