компјутерски (прид.) - систем (имн.)

Тој наоѓа човек кој може да го излечи под услов да влезе во еден високо сигурносен компјутерски систем и да ги добие клучните информации.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие не „висат” по кафетерии туку во кибер-просторот, комуницирајќи, често анонимно, преку огласните табли на компјутерските системи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повисоките нивоа во компјутерскиот систем се нераздвојни од нивните „симулации”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
*WELL е компјутерски систем за конференциски комуникации инсталиран во заливот на Сан Франциско, што стекна култен статус до тој степен што уметничката група Station Rose изведуваше уметнички перформанси за него. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почни дома да формираш компјутерски систем, зошто не?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)