комунистички (прид.) - движење (имн.)

Во однос на идеолошките премиси на НОД Мекдоналд ќе истакне дека тоа “во својата основа пред сѐ е национално, а како второ комунистичко движење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тито бил заговорник на идејата на монолитно еднинство на европското комунистичко единство на европското комунистичко движење со раководен центар во Москва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
157 Оваа информација не одговара на вистнската ситуација, бидејќи по капитулацијата на фашистичка Бугарија беше ослободен поголемиот дел од Македонија што беше под бугарска окупација, но со исклучок на градовите Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Охрид и градовите во Западна Македонија. Битола беше ослободена на 4 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За Албанија сметале дека би можеле да ја изостават „поддршката на комунистичкото движење“, но повторно истакнувале дека е тоа „единствениот елемент на отпорот којшто им предизвикува проблеми на Германците во Албанија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на Албанија сметале дека за Советската влада таа е интересна само преку „локалното комунистичко движење на отпорот“ и тоа што можеле да го „поврзат кругот меѓу Тито и ЕАМ во Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, и во поглед на Грција, британската политика се наоѓала во „пат позиција“, бидејќи сметале дека веќе не можелеи натаму да размислуваат „за бојкот на ЕАМ и ЕЛАС во Грција, бидејќи на тој начин, во сегашниве услови, тоа би значело отфрлање на договорот постигнат по толку години со кој ЕАМ и ЕЛАС се смирија со Грчката влада, а исто така повторно би ги натерало да преминат во опозиција и изолација, пред да се стави на тестирање нивната искрена верност“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нивните анализи на советското инволвирање во Грција, британските експерти сметале дека во почетокот на војната тие не покажувале поголем интерес за она што се случувало во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на оваа цел, на британските експерти им било сосема јасно дека отфрлањето на британската поддршка на Тито „сега или во иднина е надвор од дискусија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)