комунистички (прид.) - земја (имн.)

Паднаа киклопските споменици на Ленин, Сталин и неприкосновените довчерашни водачи на комунистичките земји. Европа се обединуваше, Балканот се разединуваше...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е најомразеното колено зашто учествуваше во граѓанската и се растури по комунистичките земји. И тоа тукуречи е при крај.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тој период поголем дел од раководството на Американскиот сесловенски конгрес било затворено или екстрадирано.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но под притисок на макартиевската хистерија и антикомунизмот, кога и најмал знак на пријателство со комунистичките земји бил доволна причина за анатема и кривично гонење, Американскиот сесловенски конгрес престана со својата дејност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)