конечен (прид.) - вистина (имн.)

Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Само една е вистината, - ми вели крајно убеден не само во тоа дека вистината е една, со што се согласувам, туку и дека една е оваа двојна вистина во која тој живее како во конечна вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)