конечен (прид.) - предлог (имн.)

Камилски постојано се ближеше до заклучокот за поимот инает, за неговото место на замислената листа, на турцизмите, но никако да стигне до целта, до конечниот предлог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На моменти нагласуваше дека инаетот, поточно неговите балкански семантички варијации тешко би можело рационално да се објаснат бидејќи тој произлегува од ирационална состојба на духот, тешко се поврзува со здравиот разум.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)