конечен (прид.) - резултат (имн.)

Кога комерцијалните интереси ќе стекнат преголемо влијание над јавниот простор, конечниот резултат е уништување на чувството на споделена сопственост на тој простор (дека тој им припаѓа на сите граѓани) и ерозија на граѓанскиот идентитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Имаме повеќе писти во нашето истражување, но веруваме во конечниот резултат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо настаните да се буткаат кон некој конечен резултат, треба да се работи на една долготрајна стратегија на дисеминација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако освен тоа сме доволно настојчиви да воведеме симболи како Н и О, со кои би ги претставувале атомите на водородот и кислородот конечниот резултат на овие правила може компактно да се запише во симболичка форма како Н2 + О 3 Н2О.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Петто: дека со тоа тие ќе го избегнат понатамошното пролевање крв без да можат да го променат конечниот резултат на војната која сега е при крај.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пред делата на Брацели не можеме да го примениме скептичкиот критериум за Bracelli пред-уметничкиот карактер на гола студија, туку се наоѓаме пред конечниот резултат, пред една конструкција на фантастични ликови од геометриски форми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)