конкретен (прид.) - задача (имн.)

Од Крумета таа доби конкретна задача: да соработува со Чехињата Илона во регрутирањето и подготвувањето на жените за нелегално излегување од Прифатниот центар и нивно испраќање на пазарот во Италија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според добиените конкретни задачи: - Првата македонско-косовска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари 1944 година од с. Бахово во правец: Бахово-Мариово-Дрен-Мукос-Бабуна Планина, со задача да дејствува во централниот дел на Македонија, задржуваќи се на просторот Азот-Порече.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Прифатив конкретна задача: да следам сè што се објавува во весникот „Нова Македонија“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)