конкретен (прид.) - пример (имн.)

Најнапред заблагодари се. Потоа причекај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се разбира, и како што следува, ваквиот совет беше проследен со конкретен пример: - Ако си гладен и ако те поканат да седнеш на преполна софра, не мораш веднаш да се стрчаш да седнеш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
88. И овде Мисирков тргнува од најконкретните примери што ги знаеле и сите негови слушачи на предавањево пред МНЛД: Ниеден Бугарин од Бугарското студентско друштво не замина да зема учество во Илинденското востание, туку само некои членови на ТМОК – Македонци, па дури и Руси, некои од кои и загинаа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, Хундертвасер не останува на метафората за прекинатиот тек „од серењето кон храната“, туку дава и конкретни примери за повторно затворање на тој еколошки круг.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)