конкретен (прид.) - средство (имн.)

Понатаму, овие жанрови на говорот ја вршат истата регулаторна функција во кодирањето на дискурзивните практики како и книжевните жанрови – само што тие регулаторната функција си ја вршат не во доменот на книжевното пишување и примање, туку во сферата на комуникацијата, во општественото однесување и во личната интеракција – дефинирајќи ги соодветната тема, формите на меѓучовечката односност и стиловите на комуникација.153 Во таа смисла, жанровите се не само формални, туку се и прагматични: тие на луѓето, во секојдневните практики, им обезбедуваат конкретни средства за меѓусебна интеракција и за справување со конкретни општествени ситуации – и ги подучуваат како да го прават тоа правилно.154 Систематските и формалните разлики што еден од друг ги разграничуваат конвенционалните видови на книжевниот дискурс претставуваат еден пример за прагматиката на жанрот – и навистина, се еден од најпознатите и најочигледни примери на таквата прагматика – па голем дел од она што имам да го кажам тука ќе упатува на тие традиционални генерички поделби меѓу видовите книжевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)