конкретен (прид.) - стил (имн.)

На пример, машката геј-култура ги валоризира изведбата и играњето улоги; ја негува мелодрамата; покажува фасцинираност од конкретен стил или од конкретен начин на суштествување кој го определува посебна смеша од гламурозност и абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден од методите со кои геј-машката култура го разработува и го консолидира својот особен став на општествен и културен отпор е усвојувањето, присвојувањето и преведувањето во машка геј-смисла на одредени вредности или идеали што ѝ се длабоко туѓи на традиционалната хетеросексуална мажествена култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски. ‌Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Инаку не би ни претставувал формална поставка – барем не во перцепцијата на множеството човечки субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само кога стилот има значење, само кога се работи за нешто, само тогаш се бележи како стил, односно како конкретен стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275 И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие вредности или идеали поврзани со жените се обележани како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие културни облици или жанрови во нашиот свет потесно се поврзуваат со женственоста отколку со мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во фризурата се работи за нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Инаку би бил неред, проста безредност, истовремено безоблична и безначајна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)