краен (прид.) - заклучок (имн.)

Како четврта солуција ја истакнале можноста „во случај нетрадиционалните, левоориентирани сили да станат предоминантни во Србија и Бугарија, можна солуција за негрчка Македонија може да се најде во комбинација на една јужнословенска федерација, вклучувајќи ги Југославија и Бугарија ... но не со автономија на негрчка Македонија, туку со отстапување на Бугарија на неколку области од источна југословенска Македонија...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Може да ги напои сите жедни на светот, го кажуваше Јагулче Дримски крајниот заклучок, кога не смееше никој да му се спротивстави.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)