краток (прид.) - почивка (имн.)

Така бевме воспитувани таму во ровот, во бункерот, на кратката почивка по долгиот ноќен марш, во влажната земјанка, во ровот и во бункерот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги научивме од нашите партизани кои поминуваа по нашите села или на кратка почивка остануваа во нашите куќи колку за да здивнат, да дремнат, парче леб и сирење да добијат од топлите раце на нашите мајки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога бевме на кратка почивка во некое погранично костурско или преспанско село, таквиот знаеше да се појави и да те храбри, да ти држи долги говори, а ти ненаспиен, капнат – истоштен, смрзнат и гладен, вошкосан и валкан, мораш да го слушаш...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кратка почивка. Над Сињачка зазорува. Пурпур над врвот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)