краток (прид.) - проза (имн.)

Во исто време, сатирата ги пречекорува своите граници и навлегува во сферата на фантастиката, на гротеската, на благата иронија. Но и во сферата на лирското - Гогољ и Булгаков.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во литературата експресионизмот остави мошне снажни траги пред сé во поезијата (Георг Тракл, Георг Хајм, Јакоб ван Ходис...), потоа во кратката проза, а најмалку, се чини, во романот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа Борхес заклучува: “Има четири раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во текот на времето што ни преостанува, ќе продолжиме да ги кажуваме, преобразени”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На друго место покажав дека неговиот модус операнди може да се утврди во најголем дел од неговата проза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Притоа, можеби се губи од богатството на форми, но секако се здобива со квалитет: се воспоставува форма на сатирички роман и на сатиричка кратка проза, заедно со онаа, што англо-американската критичка и теоретска мисла ја нарекува шорт стори, а што не е баш прикладно име за тој облик на творештво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Досега објавувала текстови на електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата Маргина и Книжевно житие, а нејзините раскази се објавени и во збирката Зборник на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)