крвав (прид.) - лузна (имн.)

Со шеговит глас, соодветен за големи измислици, ѝ ја раскажа ублажената верзија на нејзината дијагноза. – Тоа значи – заклучи – дека ти недостасуваат уште неколку дена за да оздравиш целосно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Да им помогнеме на ранетиве, рекол. - Лозане, коњон на чаушот. Фати го.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Мислам дека никогаш веќе нема да бидам иста. – Сега сето тоа е минато – ѝ рече тој, милувајќи ѝ ги со врвовите на прстите крвавите лузни на лицето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Двајца избегаа, ја свртел својата крвава лузна кон него Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)