крвав (прид.) - трага (имн.)

Крвавите траги што секоја ноќ остануваа зад Рада, го ослабеа нејзиното тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Оправдувањата драга моја... - двата збора Рада ги доживеа како два удари со камшик кои оставија крвава трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
...се набљудуваме еден во друг ја храниме жедта сѐ повторно се враќа сé повторно бега утрата ги засолнуваат крвавите траги во зеницата ја потиснуваат вистината на ноќта под погледот добро утро убав ден им отпоздравуваме на соседите мило мое ги гушкаме децата ќе ти се јавам им телефонираме на оние од кои не бараме премногу вратите се отвараат и затвараат куќите повторно градат повторно уриваат... ...дојди ми го извикуваш името змиите се множат толку брзо секој миг отровот ќе се разлие зарем тоа го сакаш да умрам за обајцата отфрлена осрамотена дојди татко си ми и љубовник спој се со мене заштити ме дојди ќе газиме по змиските глави ќе го минеме очајот без да погледаме надолу ќе се разбудиме во истата постела и нашите облеки расфрлени околу...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Една крвава трага се влечеше угоре, по долот, навлегувајќи во коријата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше подготвен за средбата, што беше подготвен целиот тој ден, уште штом ги догледа оние лески напред, зад нагорничавата голина, во кои се забиваше крвавата трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И зачекоре по таа крвава трага, со пушката преку рамо и тешко пробивајќи се, сѐ додека самјакот не почна да остава зад себе пак една добра разгазеност, кога престанал да скока, а за сето време размислуваше каде би можел да го очекува сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа ноќ спиев мирно, а кога се разбудив в зори, застанав пред крвавата трага на ѕидот покрај мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Молчевме. Потоа му реков: „Време е да одиш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа крвава трага на ѕидот беше сѐ што ми остана од нероденото дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)