крив (прид.) - сабја (имн.)

Десното рамо ѝ беше истетовирано: Златно-жолтата крива сабја грубо ја сечеше црвената роза на два дела.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој, јавачот, сѐ уште свиткан во појасот и со стиснати коленици на шарените коњски ребра, извлекол од канија, невидлива од темната боја на беневреците, крива сабја што под удар на сонцето се распрснувала во зраци и, кревајќи ја високо, се исправил, се протегнал со една рака, со сета тежина се потпрел на зенгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само така им се причинило на луѓето во засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку минути Симона пливаше во базенот. Потоа ѝ пријде еден набилдан дечко, со избричана глава и тетоважа на симболот на гардата на десното рамо – црвена роза пресечена од златно – жолта крива сабја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)