критичен (прид.) - бројка (имн.)

Природно е, натаму, да очекуваме, системите на писмо со поголем број на графички симболи за изразување на фонетските единици да се стремат да го надополнуваат количеството до наредната критична бројка, доволна за означување на илјадите, т.е. до 36 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Писмото со помал број на знаци од критичниот се дополнува до бројката од 27 знаци, при што се допуштаат симболи без фонетска вредност, а карактеристичен пример за тоа е грчкиот алфабет, кој содржи 27 знаци за изразување на бројните вредности со дијакритички знаци за изразување на илјадите. 90 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со други зборови, системот на писмо, кој освен фонетските, ги изразува и бројните вредности, содржи број на графички симболи деллив со 9.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во зависност од количеството на изразените фонетски единици, тој број е 27 за оние системи на писмо, кај кои количеството на фонетските единици е помало или еднакво на критичната бројка 27, како и 36 во системите на писмо, кај кои количеството на фонетски единици ја надминува бројката од 27 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)