културен (прид.) - институција (имн.)

Имено, концептот се состоеше во тоа да се пронајде шкарт токму од тие фабрики, кој би бил најадекватен ликовен материјал и истиот да се пренесе во изложбениот простор на локалната културна институција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа е Домот на културата и науката, каде што се поместени разновидни научни и културни институции.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На 6 јануари 1945 во Скопје беше одржан Вториот конгрес на НОМСМ на кој присуствувале преку 1000 делегати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во наредните месеци ке се формираат и други културни институции (основан е Македонскиот народен театар (31.I.1945), Драмскиот театар (1946), Театарот на малцинставата, а театри биле формирани и во другите градови во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поставен во услови на уништени културни институции, тој ја препознава својата ситуација во која неговата публика, т.е. класата што е носител на една постојана мисловност и е отворена за дијалог, исчезнала.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
20 КУЛТУРА НАСПРОТИ ПОТКУЛТУРА Геј-културата може да се однесува на нови книжевни дела, филмови, музика, уметност, драми, танци и изведби чии творци се геј-луѓе и кои се осврнуваат на настраното искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-културата може да се однесува и на главнотековни дела што ги создале, главно, уметници хетеросексуалци, плус некои настрани што се во плакар, а кои геј-луѓето селективно си ги присвоиле и ги преупотребиле за антихетеронормативни цели. ‌Ваквава поделба, се разбира, не е ниту водоотпорна ниту апсолутна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и најоригиналните современи геј-писатели си ги осмислуваат делата во однос на главнотековното општество и неговата историја или започнуваат дијалог со примените културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во романите на Нил Бартлет Готов да го фати ако падне (Ready to Catch Him Should He Fall, 1991) и г. Клајв и г. Пејџ (1996) се замислува како би изгледале геј-соодветниците на хетеросексуалните додоворувања, романса, брак, сопружништво, семејство, акумулација и пренос на имот, наследување и репродукција; тие романи одново упатуваат, во смисла на средишните поими и преокупации, на веќе постојните хетеросексуални општествени и културни институции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби лезбејските барови одвреме-навреме ќе прикажат понекој извадок од Најмила мамичке, но тој филм не е сеприсутен во женските хетеросексуални културни институции и не го ужива статустот што кај жените го ужива, да речеме, филмот Телма и Луис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, сепак, тоа е сосема оригинално дело од современата геј-книжевност, чија цел е да вообличи еден конкретно геј-начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)