културен (прид.) - центар (имн.)

И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Градот, инаку, претставува голем културен центар на Бугарија, со виши школски заводи, со многу библиотеки (фонд од 450.000 книги), со кои пловдивчани се гордеат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штутгард е културен центар, но, веројатно, сиромашен со разонода, особено со онаа откако ќе се запалат неонските светла, над градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кино „Напредок”, тоа е одвратно, таму и онака никој не оди, тоа треба да се окупира и таму да се направи културен центар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во тоа време Охрид прераснал во црковно-просветен и книжевен центар и се претворил во најразвиен словенски културен центар не само на Македонија, туку и на целиот словенски свет.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За жал кога ми стиgна поканата за презентација во Скопје (во Францускиот културен центар во Скопје, во присуство на преведувачот Патрик Крисман, кој од Тирана пристиgна со обезбедување, з.м.) на вашите книги, мојата агенда веќе беше преполна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Подоцна се видовме на средбата на европските писатели, организирана од францускиот културен центар Андре Малро со цел да ја обнови европската надеж на мартиризираното Сараево.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ваш Клод Диран.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во близината се наоѓа културен центар каде што Махмуд Дарвиш ги читал за последен пат своите стихови пред насобраните Палестинци кои не можеле да си претпостават дека го слушаат за последен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата желба била да биде погребан во Галилеја. Израелските власти тоа го забраниле!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата- домаќин често за да покаже престиж, приврзаност, блискост, дури и влијание кон дипломатскиот кор организираше привлечни патувања во земјата, посета на значајни индустриски и културни центри, но најмногу внимание се приредуваше на дипломатските ловови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новиот режим на Бен Али, по бурните настани, настојуваше да го оттргне вниманието од заминувањето од владетелскиот врв на дотогаш неприкосновениот Хабиб Бургиба, не само на нацијата, туку и на големиот дипломатски кор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)