кутар (прид.) - девојче (имн.)

И страв и ќотек и овие автомати и пушки и пушкомитралезот на Зоја ѝ го даде, не мислејќи дали кутрото девојче ќе може да го носи на своите слабички девојчински раменца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во сета своја раскош, околу кутрото девојче од небото и од земјата се натпревару­ваат студените блесоци на ѕвездите и снегот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само ѕвездите низ солзи и низ златните, треперливи трепки го гледаат кутрото девојче на кое мразот врз босата нога ѝ облекол чевличка од стакло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
” Му светнаа очите на кутрото девојче, и тогаш сè ми кажа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Понекогаш коцкичките се местат како на пуримска лотарија, ако пак не, тука сме ние шадханите да ги наместиме како што треба.  Така се сретнав со таткото и мајката на девојката и им предложив Јехуда да ја земе Алегра од дома и да ја однесе на најголемата пуримска забава во Белград, што таа година се одржуваше во салата на „Еврејскиот дом”, маскембал под името „Митиката на Истокот”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се врти накај мене, ме покажува со прстот, ме посочува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И потоа пак почнува да се дере...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ебате беља! Што ли сме направиле кутро девојче за да изродиме ваков паразит? за сто души изопачен!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зашто, ако ја имавме ние, кутрото девојче бездруго секогаш ќе седеше намуртено, расплакано.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божем си имал анумка, некое младо девојче, сето во свила го облекувал, го мазнел, како кукла го дотерувал, но еднаш, свртувајќи се во сонот толку лошо го притиснал со својот голем стомав што душата му излетала наеднаш; не втасало кутрото девојче дури ни да писне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кутрото девојче не одговара на прашања, се мурти, готово е да заплаче. – Да се вратиме дома? – прашувам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзе ѝ се „допаѓа“ ова лизгање, меѓутоа, додека седнува во санката, како и порано, таа е бледа, трепери и одвај дише од страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа извикува, целото лице ѝ се смешка и ги подава рацете во пресрет на ветрот, радосна, среќна, толку убава... А јас одам да се спакувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кутрото девојче ги подава обете раце, небаре го моли овој ветар уште еднаш да ѝ ги донесе тие зборови...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)