кутар (прид.) - дете (имн.)

И на задојувањето ѝ кладов сито на главата за да е сито детето, и книга ѝ кладов за да учи, а кај ќе учи кутрото дете, ама така останало, и ѝ кладов црвено јаболко за да е убаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
О, кутрото дете, не смееше дури ни да заплаче! Да видевте само!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зачекори кутрото дете преплашено и дојде до нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кутрата Рада , кутрите деца , - слушав како зборуваат некои од нив, плачеа заедно со нас, нѐ гушнуваа и нѐ притискаа до себе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но во тоа беше моќта на талентот, - кутрото дете почнало сѐ одново, храбро го поднесува и најголемиот бол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)