куќен (прид.) - праг (имн.)

Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Златко ги подигна очите над себе. Небото беше високо, превисоко, исто онакво како што го гледаше од куќниот праг.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стана седеше на куќниот праг и плачеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најпосле, со последни сили го минав куќниот праг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гласот на Павле стана почист и појасен. Излезе на куќниот праг со кренати раце.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И кучето е пред куќниот праг.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ноќеска душава ми натежнала, Ѕвездо моја, не можев да заспијам, па седнав на куќниот праг и се загледав наугоре.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Жените и момите од уплав смраморени на куќниот праг. - Не е на арно!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Уште в мугри побратимот го мина куќниот праг, како да влегуваше во легенда, толку беше неизвесна можноста за неговото враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само отров на куќниот праг ситен прашок компирова златица зрнца солна киселина, пипс и питроид: само безброј залудни барикади затворени прозорци јарко сонце: само споменот на Елизабета и египетско-римската сценографија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мајка стоеше на белиот куќен праг. Крај Мајка бевме сите ние, нејзините синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но не ретко, Мајка ја пречекуваше историјата на самиот куќен праг, со војските од разни балкански страни, а Татко, барајќи излез и спас другаде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Денес од него останале само пар­чиња, спомени, како овој наш куќен праг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)