ладен (прид.) - облога (имн.)

Тајната е во тоа што откако пребледев, премалев и три пати си ги истурив цревата од повраќање, по ладните облоги кои малку ми ја вратија силата, решив да доручкувам, а тогаш беше 13:00 часот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Над мене стоеше Земанек; јас лежев, ми ставаа ладни облоги на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мајка ми е избезумена, само супи му готви, му клава ладни облоги, а таја нејќи да јади, ако касни нешто веднаш го повраќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)