ламаринен (прид.) - ќумбе (имн.)

Како ветер сновеше до пладне и не само што направи душеме од штици, призакрпи и врати со тесла од Дине и крфии најдени по темните ќошиња, туку од некаде донесе старо ламаринено ќумбе, рѓосани кумци кои во втората половина на денот почнаа да исфрлат бели кадели кадиш.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таму ги остави во едно одајче, прибрано, варосано пресно, со гола сијалица на таванот, со ламаринено ќумбенце на средината и со една широка пенџера која гледаше на кај бавчите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако не плампоти ламариненото ќумбе, го разгорувам со неколку дрвца и се нурнувам или во учебник или во книга или запишувам по нешто во Дневникот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако одајчето на Нанчо беше како мачилиште, дрвената барака, иако не беше сосема затворена во смисла како ѕидани ѕидови, ни бела како ѕидовите на Нанчо, со својата сиромашна внатрешност, со двата одара и сламарниците над нив, со ламариненото ќумбе во средината, со црното котле врз ќумбето во кое постојано нешто се вареше, со разговорите што се заврзуваа, за мене претставуваа вистинско преродување.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)