лев (прид.) - крило (имн.)

Од другата страна, на левото крило, каде што командуваше Планински, се чу и таму: „Ураа! Ураа! Јуриш!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А уште викам: лево крило — јуриш, десно крило — покривај ме, викам, а чевелот, гледам, ми се полни со крв.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од левото крило на саемските градби беа излезени високи Снешковци на прошетка по моделираните снежни планини осветлени веројатно од рефлектори што беа закопани во снегот или засолнети зад овалните бели брда.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Шакнато се раздрдори митралезот од левото крило. Бие со долги рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А во левото крило јас! Лево крило напред марш! А во него јас!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)