лев (прид.) - нога (имн.)

Одозгора потпалувањето обично почнува со спотнат галеж веѓа на веѓа а одоздола, секогаш и без исклучок со нежен скокот на малото прсте на левата нога.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се држат за рамењата партиските војници и ги учат движењата: неколку пати во место, потоа левата нога десно, десната лево и сѐ така, и сѐ така...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На стотина метри од позициите, седнат на опашот и со подигната левата нога, вие и завива Шарко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стапалото од левата нога скоро не го чувствува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа Шишман поттупнуваше посилно со левата нога. Нека се чуе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Де, де! Изгледа си станал на лева нога. Овците небаре ти се раштркани и не ти се на број. -Море какви нозе, какви овци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Левата нога ми е четири прста пократка. Три прсти отидоа.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Истрча пред нив, се сврте, пак ги фрли рацете на грбот, ја исфрли левата нога напред, со десната рака си ја стегна и ја истри китката од дената рака и со заискрени очи, му свика на Марка: „Ме слушал ли ти мене или не? Те вика дежурниот офицер!“ натопорено му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Левата рака му беше припикната во џебот, а десната замавтана во ритамот на чекорот – со левата нога зачекорува ,десната рака му замавнува наназад. И обратно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, за тоа кој колку пристојно и непристојно играл и кој колку имал слух и две леви нозе, до тоа дали требало или не требало да има нарачки на песна напишана на бел лист со стуткана паричка и пригоден текст, како оваа, специјалнава: „Личниот шофер на генералниот директор на Г.П.Гранит им посакува сè најдобро во бракот на тие и тие со песната ’Слушам кај шумат шумите, буките’“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Онаков долгач, тој кога одеше потклекнуваше и се веднеше на левата нога.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме удри некој пламен пругоре и — тука на две леви нозе стојам, тука со две десни одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам: лева нога, десна нога, не знам која нога ќе ме задоцни. Мислам: мивка, бришка сум станата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да ја плаче лошата болештина од скршената нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дотогаш, тој се наоѓаше на ладниот кујнски под, легнат на грб, со три плетени држачи за топло под глава, со левата нога малку крената и стапалото врз лимена кутија за колачиња.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мехмед потклекна на левата нога.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знам колку дни што боледуал дури му оздравела ногата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да плачи лошата болештина од скршената нога.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да може посилно да повлече, ја потпре левата нога на браникот и му се напна на брчалото, но тогаш Иле чу како нешто во внатрешноста на моторот се преврти, при што тој чу едно „плумп!“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој спокојно присторе: „Хм“, присторе и со шумност ја симна левата нога од десната, па десната ја префрли над левата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И така од век во век, од облак на облак.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Изгледа, Данте цапнал со лева нога во денот кога ѝ префрлил на Пиза дека е срам за родот човечки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Уште неразденето сака да се црпи светлина од бунарите на сеќавањето и да се варди да не се отпаси палецот на левата нога од каменот расцутен од болка утрата обично се зарипнати но влажните јазли на животот итро ползат до последните зраци светлина за ужина лепче и малку путер а заповедана е и по некоја насмевка да и‘ се најде на смртта кога ќе дојде багремите пред порта се заблудени од средниот век: градскиот воздух ослободувал мотика не влегува во леите на избавувањето во кои се впиени само бивши радости во највисоката школа на цинизмот: трудот ослободува и затоа нема дожд, за по дождот да дојде сонце.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Многупати си мислам, вели, да не влегувам нешто со лева нога. Да не е крив прагот или вратата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)