лев (прид.) - рака (имн.)

Тој разви една естетика на анализа на телото - одвојувајќи го своето тело од самиот себе за да се реконструира себеси и политиката на телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ја отсеков левата рака. Некаде се наоѓаше стапалото. Шев на мојот рачен зглоб.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
42. Ја одлепив вакуум-гумата во левата рака не помрднувајќи ја онаа во десната.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кметскиот отстапи дури до другиот ѕид, левата рака ја држеше крената на гради како за одбрана, а во десната ја стискаше уште посилно чантата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој дури сега забележа дека заправо за сето време го држел показалецот од левата рака токму на тоа место меѓу листовите, за да не си го загуби редот во читањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како што е обичај, садот му го носи дете, а тој со левата рака место вангелие зел некој бозаџиски тефтер, а во десната мафта со кадилница и блошава: „Благословени да сте, чеда, од беловодичкиот свештеник”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој е полн и црвен во лицето, страда од притисок но не може да се откаже од чашето, - се подистави малку со главата наназад, зашто е далноглед и не му помагаат многу ни очилата, а и книгата ја истава со левата рака и ја гледа некако искосо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знаев каде да се упатам. Ја извадив левата рака од џебот, ја пуштив да ми ги следи нозете, па ја кренев да си ја наместам фризурата, па повторно им ја препуштив на нозете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„А кога ќе оздравам ќе бидам само член во нашата дружина.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ќе оздравиш брзо... ќе се кренеш...“ рече мајка му и се обидуваше да се насмевне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А Џеронимо?“ запраша Ташко. Љупчо замавна со левата рака, небаре сака да избрка тешка мисла.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нако седеше на троседот со главата зафрлена на наслонот, со левата рака на срцето, а десната на коленото - првата му беше згрчена во стисок, а меѓу прстите од втората држеше дополу испушена и веќе изгасната цигара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татковата глава беше малку накривена врз книгите, а левата рака необично му висеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја наметна секирата преку левата рака, го фати со десната јаженцето и појде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека Лазор полека се иставаше од местото на борење, едно Арнаутче истрча од џганот и му удри нож во левата слабина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во еден миг борачите се приграбија преку половина, тогаш на сите им се стори дека е сѐ свршено, дека Исо ќе го свитка вудве Лазора, ќе му го здроби `рбетот, но се случи спротивното: Лазор му се извлече на Иса малку настрана, го преграби одзади за половина и како да беше од лесен полесен го префрли преку левата рака и го акна од земја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
КАТА: (со левата рака му го подава на Пандета пагурчето, а десната ја држи на градите) Повели!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но до каде се ѝ лутале мислите во тие моменти, можев само да си замислувам; притоа не престанував да верувам дека секогаш бев близу до вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лицето му беше сиво; ја држеше жртвата со левата рака за кадравата пламеноцрвена коса, со десната ја удираше по дамкавото лице издолжено од зачуденост и од страв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Моето пријателство со Сара Ауербах започна неколку месеци откако престанаа часовите по цртање во дворот на куќата на нејзиното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секои неколку чекори Сара нѐ замолуваше да подзастанеме, не затоа што ѝ беше тешко да оди, туку затоа што сакаше да се загледа во оние нешта покрај кои ние минувавме без да ги забележиме, затоа што беа дел од нашето секојдневие: мајка и дете седнати на клупа им фрлаа трошки на гулабите, сликар стоеше покрај штафелајот и сликаше една бреза, девојка водеше под рака слепа старица и ѝ раскажуваше за светот што се пружаше околу нив, две деца копаа во земјата со рацете а нивниот татко читаше весник и не забележуваше како тие пронаоѓаа црви, млад човек се беше сместил како на фотеља на гранката на огромниот даб и потсвирнуваше, момчиња играа со топка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја придржуваше Сара под десната, јас под левата рака; беше бујна пролет, а ние минувавме низ сплет од слики со распалени бои, низ симфонија составена од звуците на природата, низ море од мириси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме погали, и додека левата рака уште ѝ беше на мојата глава, ја крена и десната рака, помина со неа по проретчената коса на својата глава, се погали себеси. Ја прегрнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Пак ќе побегнам за да те посетам,“ ги издиша зборовите во мојот врат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа долго гледав во таа точка на листот хартија, или станував и гледав низ прозорецот, или пак го забодував врвот на моливот во дланката од левата рака. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тајната за чудниот продавач со модар прстен на малото прсте од левата рака, не им ја кажав на моите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никој не ги забележува моите указанија, никој не го слуша гласот на петелот, никој не го знае модриот прстен на левата рака на продавачот на петли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Продавачот, земајќи ги парите од мојата рака, ги протри од големиот прстен на малото прсте од левата рака и прошепоти нешто како магија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Другиот ја повлече и ја загриза левата рака. Останав без раце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
"Слушај§ рече заканувајќи ми се со показалецот од левата рака оти од раѓање си беше левичар, "знам оти си влечко, ама пази ова работа да ја завршиш.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Многу арно си сторил, чорбаџи, што си му купил џигер, чунки Госпо знаи дали се омрсил откоа се родил тој сиромав.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Слушајќи касапо тие зборои од чорбаџијата, му рекол: - Тамам, арно ти вели чорбаџијата, пријателе!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На некој касап беше му се разранил малио прс од левата рака.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во левата рака држи маче, направено од црно кадифе, со црвена пеперуга на вратот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледам мртва коска ми излегла кај глуждот од левата рака. Ја фаќам: се мрда, небаре желад да ми влегол под кожата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бугарските војници излегуваа од училиштето, до гробиштата, и поставуваа стражари околу селото. „Сутрин ште трсим шумкарите“ , зборуваа некои од војниците и погледнуваа кон планината.„Ќе им се фатите за кундакот“ , шепотеше Дуко Вендија, крстејќи се со левата рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас сум, вели Стојна и пак ме загледува и со левата рака се крсти, се чуди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот судија или спасител се наведнал. И самиот веќе смирен, речиси и глув и нем, минувал со палецот на левата рака преку челото на старецот, барал и стискал додека не почувствувал мека гасеница под челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднакви, со спуштени раце и наведнати глави, биле повеќе зафатени со себеси отколку со она што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога бил млад, отишол во туѓа земја да печали пари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној што се обидел да ги надвика уште лежел на грб. Полека заспивал. Се смирил како да се нацицал хашиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги покри клавишите со дланката и се сврте кон мене со гест на благодарност што следува по бурен аплауз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема грицкаше ливче од рузмарин од гранчето во гарнирот од малата вазна на масата, а потоа отиде до клавирот и со нежен, повеќе ритуален допир на клавишите со прстите од левата рака отсвири неколку такта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Светлите бои на цветовите и на лисјата наеднаш се притулија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа си ја поткладе левата рака над колкот и, зафрлајќи се малку наназад, со десната рака го допре пурпурниот цвет. – Па, вака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн се почувствува смртно повреден. – Тоа е типична реакција – го утеши раководителот. – Наскоро ќе помине. Но, не помина никогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги добивав многу просто, со мрдање на малиот прст од левата рака.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го слушна детското плачење од зад врата и ја погледна превивката на левата рака. Време е за преврзување, се сети.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со едно замавнување на левата рака милиони Чеченци заминуваа од Кавказ, со десната рака на половина Европа го покажа патот на комунизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја бара со левата рака амајлијата под грлото и ја доближува до истрпнатите усни: тоа триаголниче од кожа го чувало од зло и не го дочувало.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Реков - в крчма.“ Кога Марко повторно ја крена левата рака (со десната го стискаше револверот), попот ја наведна главата. од ударот шапката му падна, можеше да мус е види дека косата не му е бела ни на темето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во згрчената дланка на левата рака држел сребрен џепен часовник истргнат во битката од непријателски офицер.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
О'Брајан ја крена левата рака, ја сврте кон Винстон со надлактицата, со четири исправени прсти и со скриен палец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан му ги покажа прстите од левата рака со скриен палец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Читам во фотелјата и повремено со левата рака ја тргнувам завесата од мојот прозорец и погледнувам како сонцето, млако и сега речиси црвено, полека паѓа зад покривите на градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога виде Мил дека Богуле ќе остане левучар, реши со вежбање да му ја разработи десната рака: му ја врза левата рака да не може да фаќа ништо со неа, а го тераше сѐ да чини со десната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Докторот што го прегледа, рече дека е последица од насилното спречување на функцијата на левата рака бидејќи кај левучарите тоа е вродена особина да се склони повеќе кон развивањето на левата рака.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Богуле беше левучар: се служеше само со левата рака; десната како да му беше здрвена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога слушна дедот Петко дека од една лира нагоре што ќе земат ќе ги делат, го зајаде левата рака, и си помисли: „Аха! Ќе ве сошиа јас вечер обата, и тебе и Ила", и влегоа во Младеновата крчма.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да ја отвори, но не да се предаде и напие вода, ами со пиштолот во левата рака и јатаганот во десната.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А велат, убави земји биле тие; здрав инсан, ќе има што да делат нашите синови што ќе останат живи. – Ех, кој сака да бегува, ќе ги крвави гаќите како ние едно време – им се замеша во разговорот и Фета-бег чиј син пред некој месец се врати од војната сакат во левата рака и десното око.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со левата рака ја држеше вратата за кваката одвнатре, а со десната беше потпрена на другата пола од вратата и чекаше со рамнодушен израз на лицето да биде што ќе биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Левата рака му беше припикната во џебот, а десната замавтана во ритамот на чекорот – со левата нога зачекорува ,десната рака му замавнува наназад. И обратно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент на влезната врата од ресторанот се појави пристар човек со бастун на левата рака, десната длабоко стегната во џебот од видено износено палто, со мустаќи над дебелкавите, малку опуштени посинети усни и дебели очила, со каскет наврен скоро до над веѓите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се заниша и дури кога ја олабави левата рака забележа дека дотогаш, ни сам не знаејќи, го носел детското чеволче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Србин се налакти и си ја зеде главата под левата рака покривајќи го темето со дланката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сите се вративме во базата. Огнен е лесно ранет во левата рака. Ти се јавуваме преку Самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одамна неговата лева рака (вујче е левучар) запишала дека луѓето се чудни овошки!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не бев сигурен за што точно размислуваше Роза, таму, на игранката, но забележав дека со лесни женски движења на левата рака, бркаше некоја мушичка што ѝ сновеше околу трепките, а потоа наеднаш ме погледна и речиси прошепоти: „Нели, умните ги праќаат во лудница за да ги снема, а нас, лудите, нѐ оставаат овде, да бркаме мушички. Убаво збогатување на секидневието.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понатаму, внимателно таа лева рака забележала дека тие среќници (значи, луѓето) не живеат во очекување на некоја строго одредена доба кога ќе можат да расцутат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Два дена по ноќта во Dramat, таа лежи на страна, гола, белогаза, со левата рака под перницата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Махинално погледнав кон левата рака – по кожата на подлактицата се сјаеја влакната навлажени од пот, но „Nevada“-та не беше на своето место. Зошто?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Какво топло време денес.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Л.А. го испраќа на аеродромот. Летот е пладневен (12,05), меѓу оној за Франкфурт (11,50) и оној за Краков (12,15).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Беше тоа некој чуден израз на задоволство што не го разбрав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Одамна немаш видено како плачам? - прашуваше многу сериозно - дувајќи во врвот на прстите од левата рака. - И ситниците болат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се навали на патерицата и, одвај видливо дигајќи ја левата рака, замавна. За збогум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ајде, ајде, - со смирен глас рече Јован и ѝ даде знак на болничарката да си оди. – Јас ќе ти помогнам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Левата рака високо обесена. Од папокот надолу - угол гол.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во нив, во свежата зора се мени првичниот зрак на сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури ни ножот со кој ја сечев зелката, за оној проклет боршч на татко ти не го бев оставила на масата туку го држев во левата рака додека се крстев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толпа народ се насобра и сите го креваат показалецот на левата рака кон стаклото а со десната се крстат; па мораше и милицијата да се замеша за да го растури збудалениот собир.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ја докрајчи мојата лева рака речиси една година, но и покрај тоа, пред да го напуштам училиштето станав придружен член на Кралскиот колеџ за музика (ARCM) и носител на диплома на Кралската академија за музика (LRAM).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Десното уво ни станало лево уво, левата рака ни станала — десна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Кога ќе речеш пушка, што ќе помислиш? - Тој со стапчето што го држи во левата рака покажа на пушката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Левата рака ја стави на колкот, чиниш со старечкото рамо го потпира целиот изминат живот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А Кузе, кој стоеше на прагот, кога виде дека ја снема во темното сокаче што свртуваше лево, погледна на сите страни и тогаш со десната удри на лактот на левата рака и полугласно рече: - Е, на, шо ќе ме стрељаш, натемате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фанка, ранета во левата рака, потстенкува, ама песна не одлепува од усни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во левата рака широко испружена настрана, држеше запалена батериска светилка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја довлече левата рака до слабината на противникот и го стегна. Почувствува олабавеност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бате Јоле, расплакан, клекна крај неа преграбувајќи ја со левата рака и ставајќи ѝ ја дланката на нејзиното лево обравче, а од другата страна ѝ го навали образот и така милувајќи ја и гушкајќи ја, плачеше барабар со неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бев вчудоневиден. На портата стоеше еден поп, со левата рака како истргана наназад.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но јас научно сум утврдил дека се работи за еден единствен човек и тоа ќе го изнесам пред светската јавност на Берлинскиот конгрес Дедикар Икарал се родил со крило на левата рака и со ѓуле на десната нога.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Крилото го става на левата рака, а ѓулето на десната нога, говорејќи го текстот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И сватот немаше, па си умре, - одговори тој, засукувајќи го ракавот од левата рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Светиот Архангел Михаил беше насликан со хартија во левата рака, ама со меч во десната, и тој пусти меч некако го разбуди ибн Бајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да го надитри старецот: - Сакам десната рака да ми биде обична, а левата рака нека си остане волшебна - рече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)