лев (прид.) - џеб (имн.)

Секогаш се чудев што ќе се случи ако го запрашаш ова нешто, на кинески, што тоа има во левиот џеб од панталоните.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Ти, во третата клупа! Да, ти, не се прави на удрен! Што е ти е тоа во левиот џеб?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кога Петар Бем ме повика утредента да дојдам на партија шах, ти ја држеше десната шака во левиот џеб на неговото палто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На Паљо лицето му се издолжи, под расечената горна усна двата долги заба влажно светнаа; ја извлече бубачката од левиот џеб на закрпените панталони и болно застенка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Си ја ставив сликата во левиот џеб, веднаш до срцето, и си реков: засега е доволно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Првата хируршка операција на којашто присуствував, во Глазговската кралска болница, беше многу атипична за болничката хирургија во тоа доба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оној кој доаѓа од Гурок има адресар во левиот џеб (навистина имаше), во кој, ако сега го извади, отвори и погледне во него (тој го стори тоа) ќе погледне во извесен телефонски број (тоа беше бројот во кој тој гледаше).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дождовницата од црните очи Ја спакував во бело марамче Во левиот џеб од твоето црно палто.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А вака, одвреме навреме, го допираше во левиот џеб на палтото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)