лесен (прид.) - или (сврз.)

Бевме точни и меѓусебно си ги раскажавме филмовите, работите, ги утврдивме делумните идеолошки разлики, таа и понатаму ме прифаќаше како чудесно да ѝ е доволна таа сегашност без причини, без прашалници; речиси не ни забележуваше дека секој будала би помислил за неа дека е лесна или глупава, чудејќи се дури што не се обидувам на истата клупа во кафулето, што на потегот од улицата Фроадво не ѝ ја префрлувам раката преку рамото во тоа прво движење на интимност, што, иако знам дека е сама - помладата сестра најчесто не е во станот на четвртиот кат - не барам да се качувам горе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)