летен (прид.) - кујна (имн.)

Дури и мажите од трупецот ќе се изненадеа кога тој, сосема неочекувано, ќе излезеше пред летната кујна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа без збор влегува во куќата и истиот час излегува со нож и ренде; а Грдан место да се праша што ќе ѝ е ренде, се мисли што е од куќата летна кујна а што е од летната кујна продолжена куќарка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сама проектираше и изведуваше визба во дворот и летна кујна, етапа по етапа, по принципот „клуч на рака“ сама на себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка, како што велеше, бргу го фати редот на куќата, која имаше приземје и два ката, со авлија која завршуваше во убаво средена градина, со летна кујна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука имаше и сач (вршник), неколку бакарни тепсии, тави, ѓумови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)