летен (прид.) - облак (имн.)

III Лежам во тревата загледана во летниот облак каде ми се изјази погледот по сенката на липата што уште трепери во споменот на небото и сонот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На излезот од грнчарницата ја удри некој топол воздушен бран што ѝ помина по коските како земјотрес. За малку да ја кутне, да ја онесвести.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Млад адвокат, веднаш влезе во крвката, предвоено скопска интелектуална група, што се распрсна потоа како лесен, летен облак.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Само чу дека штракнаа ножиците и едно перче од нејзината бујна коса ѝ се оддели од главата и како летно облаче ѝ помина пред очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)