лиснат (прид.) - тесто (имн.)

„Што мислиш, дали си среќна?“, ја праша другарка ѝ како гром од ведро небо, додека минуваа крај големиот фрижидер со замрзнати копани и лиснато тесто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па сепак, ете ја таму, крај фрижидерот за длабоко, полн со копани и лиснато тесто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)