литературен (прид.) - творба (имн.)

Градот тогаш ќе го добие оној лик што го има на нашите цртежи и во нашите литературни творби!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Историјата, како на нашиот исто така и на другите јазици ни покажува оти секој дијалект, поддијалект, говор и подговор може да се употребува во литературни творби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Радосно сјаеја лицата на Вики, Зоран и Гордана, добитници на награди за литературни творби - филадендрони - ... и Теми се надеваше дека ќе добие награда, ама не покажа дека е разочарана... знае да си ги крие чувствата...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во чест на сето тоа, решив да ја поддржам својата нова татковина во нејзината определба да ја поддржи мојата стара татковина така што ќе ѝ напишам една литературна творба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сите убавини со цртежи и литературни творби ја красеа десната страна на паното.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)