личен (прид.) - врска (имн.)

Сфатив дека нашата персонална „реалност” е мошне зависна менлива, исход или продукт на чинители кои, како што изгледа, не зависат од оваа „реал­ност”, туку постојат во некоја независна „реалност”, која делува врз нас, но е вон нас.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продла­бочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устрој­ство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од економски и од политички причини, а и како резултат на големата несигурност што владееле во внатрешноста на Македонија, во последните месеци во Солун дошло македонско население во поголем број, кое, во мнозинството, ниту имало некакви лични врски во градот ниту било пријавено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)