личен (прид.) - околност (имн.)

Новина е и воведувањето на антидискриминациска одредба согласно која работодавачот, при вработување или работа на странец, не смее да го стави барателот на вработувањето, односно работникот во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно инвалидноста, религиозното, политичкото или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статусот на семејството, имотната состојба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа обврска не се однесува на помалите работодавачи (чл. 19, ст.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот не смее работникот да го става во нееднаква положба заради расата, бојата на кожата, полот, возраста, здрав- ствената состојба, односно инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната состој- ба, половата насоченост или заради други лични околности (чл. 6, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, овде се вклучува и принципот на недискриминација т.е. принцип на еднаков третман, според кој забранета е дискриминација при вработување по основ на раса, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, односно инвалидност, религиозно, политичко или друго убедување, членување во синдикатите, национално или социјално потекло, статус на семејство, имотна состојба, половата насоченост или поради други лични околности. (чл. 3-б од Законот за изменување и дополнување на ЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)