личен (прид.) - опис (имн.)

Шатев, преку пријатели и врски, успеал да добие пасош на име Георги Манасов, но со слика и личен опис негови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ми ги поземаат личните исправи во рацете, излижани од премногу миење, ми го споредуваат личниот опис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слабо тој се грижи за личниот опис на читателот, бидејќи верува во таинствената мерка со повеќе облици која во поголемиот број случаи стои како добро скроена облека, и затоа не треба да се пропушти теренот ниту на доаѓање ниту на заминување: помеѓу него и другите ќе се создаде мост секогаш кога текстот ќе се роди од семе а не од калем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Формите определени од овој или оној уметник имаат тенденција да станат еден личен опис, всушност една хералдика, замислени визуелни алатки кои имаат за цел автопропаганда и автопрокламација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)