личен (прид.) - пример (имн.)

Досега, по сите тужби има над 60.000 МКД (околу 1.000 ЕУР) за судски трошоци – кои по добиените пресуди, за среќа, си ги има повратено. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одејќи по својот личен пример, тој правилно заклучува дека работниците треба сами да се информираат за своите права, а не да чекаат работодавачот да им ги каже истите. 268
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, вистинските ангажирани и автономни „синдикати без лидери“ треба да се обидуваат да бидат што е можно повеќе хоризонтално и непосредно демократски организирани, па преку ефективни директни, ненасилни, непоколебливи и кохерентни акции, како и преку индивидуални лични примери достојни за почит, да го мотивираат своето членство, а и неодлучните работници – и на тој начин да работат на остварување на своите агенди во корист на работништвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму затоа и „Ленка“ ги охрабрува незадоволните работници да покажат храброст, самопожртвуваност и активизам, па самите тие да иницираат формирање на свои борбени, бескомпромисни и автономни синдикални организации – бидејќи токму синдикализмот е најделотворната и светски проверена метода на работничка борба против самоволието на моќните работодавачи!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали воопшто треба да потсетуваме дека круцијалните права за кои работниците и работничките се изборија низ историјата (правото на осумчасовно работно време, правото на платен одмор, правото на штрајк и многу други) се остварени по пат на радикални судири на синдикалните, социјално освестени групи со газдите и државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Божиновски е задоволен од пресудите, бидејќи ги има добиено сите надомести со камати, па дури ја оствари и можноста за повисока пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со личен пример, со многу топлина, зборување, внимание направија од мене, барем јас така си мислев позитивна личност во секој поглед.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нуне, раскажуваа тие, одржал нагледен час и покажал со личен пример како без барут и куршуми, без ранети и мртви, може да се реши судирот меѓу две овражени војски залегнати во рововите едни спроти други.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А притоа немате право да помислите дека нејзиното однесување е со предумисла, и дека таа како и другите вешти жени само ја користи ситуацијата за да го истакне својот личен пример.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)