личен (прид.) - пријател (имн.)

Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, кој Х.Џ. како тужител го иницираше во јуни 2009, тој беше застапуван од полномошник- адвокат – инаку негов личен пријател, кој и му даде дополнителен поттик за покренување на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој пат таму, крајно игнорантски и безобразно, му е кажано дека „може слободно да тужи“ – алудирајќи на претходните „случаи“ како него, кои исто така тужеа но го изгубија спорот останувајќи изиграни и од судот и од тужената странка, која нели е во државна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури тие така се разговараа под јасиката, селаните што беа дошле дотука со нив нога за нога, кој по нужда, кој отворено се разотидоа, та дури и Ушко од Врпско не му рече ни збогум на „дедот" Петрета, со кого беше одличен и личен пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба — „Становица".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А најзгодно му беше Градешница каде имаше и свои лични пријатели како Гулета и Гуцето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ме прашуваш зошто една ќерка на гардиски полковник и личен пријател на Стојан, без којшто патем речено Стојан не би бил она што е, се мафта со најжестоките противници на режимот?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на Меклин значело коренита промена во британскиот став во однос на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се движела во самите врвови на партиската организација и му припаѓала на GAP, групата лични пријатели на Салвадор Аљенде.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Би можеле да помислат дека се кревате на големо, дека сакате да изигрувате човек со врски, со лични пријатели во Централниот комитет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Можеби уште од Лукрециј поетот толку неотповикливо не ги чувствувал луѓето како случајности во просторот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Највидливо присуство беше потполното отсуство на семејството, личните пријатели и другите писатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џон Апдајк го завршува својот есеј „Писателот како библиотекар“ со следното размислување: „Со Борхес, ние се преместуваме од онаа страна на психологијата, од онаа страна на човечкото, и се соочуваме, во неговото дело, со еден атомизиран и празен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Самотија во своето најдобро издание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)